Новости

Свет

Гаспром најави тридневен прекин на испораката на гас за Европа

Гасоводот Северен тек 1, кој ја снабдува Европа со руски гас под Балтичкото Море, ќе биде затворен од 31 август до 2 септември поради одржување на единствениот преостанат гасен компресор, објави денеска рускиот енергетски гигант Газпром.

Затворањето ќе доведе до дополнителни нарушувања во снабдувањето со гас во Европа, бидејќи гасоводот веќе работи со само 20 отсто од својот капацитет.

„По завршувањето на работите, транспортот на гас ќе биде вратен на ниво од 33 милиони кубни метри дневно“, соопштија од Гаспром.

Целосниот капацитет на „Северен тек 1“ е 167 милиони кубни метри дневно.

Цените на гасот во Европа денеска достигнаа нов рекорд, по најавата на Гаспром.

Гаспром претходно најави потреба од поправка на други компресори, а некои експерти предвидуваат дека Русија би можела целосно да го прекине снабдувањето пред зимската грејна сезона.

Евротип
SNBROKER
To Top