Новости

Свет

Генијална реакција на Мерил Стрип на коментарот дека е преценета актерка

Ако го прашате Доналд Трамп, Мерил Стрип е најпреценетата актерка на сите времиња и дека не глуми нешто посебно.

На синоќешните доделувања на Оскарите, водителот Џими Кимел ја искористи приликата и на неколку пати се пошегува на сметка на актуелниот претседател, да му напише неколку твитови, но и да потсети дека Мерил Стрип, која синоќа по 20-ти пат беше номинирана за Оскар, дека е преценета.

„Сите сјајни холивудски актери се овде. Само една успеа да се провлече низ годините во светот на глумата и тоа само заради тоа шти е преценета“, рече Кимел и додаде дека нејзината глума била под просекот во филмовите „The Deer Hunter”, „Out of Africa”, „Kramer” и „Sophie’s Choice”. Се разбира Кимел беше саркастичен, но голем дел од гледачите тоа не го сфатија и почнаа негативни коментари по социјалните мрежи. Многумина заклучија дека оваа шега е претерана – но не и Мерил.

Како Мерил изреагира? Се насмеа заедно со публиката во арената, а потоа беше поздравена со овации. Мерил потоа стана, се сврти кон публиката и ги поздрави со длабок наклон.

Кимел тука не застана и и дофрли: „Убав ти е фустанот. Иванка ти го направи?“.

За потсетување: Мерил Стрип го критикуваше Доналд Трамп, иако не го изговори неговото име, на доделувањето на Златниот Глобус, заради неговата расистичка и хомофобична политика. Трамп ден потоа напиша на Твитер дека таа е преценета актерка која глуми под просечно.

GOLD
To Top