Новости

Свет

Германија има потреба од 400.000 странски работници годишно, па ја покачи дневницата

Новата германска коалициска влада сака секоја година од странство да привлече 400.000 квалификувани работници за да го реши проблемот со демографската нерамнотежа и недостигот на работници во клучните сектори.

„Недостигот од стручна работна сила стана толку сериозен што драматично ја забавува нашата економија“, вели Кристијан Дуер од Слободните демократи.

За да ја направат Германија попривлечна за странската работна сила, коалициските партнери договорија систем на бодување за експерти надвор од ЕУ, но и ја зголемија минималната дневница на 12 евра.

Германскиот економски институт процени дека работната сила годинава ќе се намали за повеќе од 300.000 луѓе бидејќи повеќе постари луѓе одат во пензија отколку што влегуваат млади на пазарот за труд.

Тој јаз до 2029 година би можел да се зголеми на повеќе од 650.000, а во 2020 година акумулираниот недостиг на работно способни луѓе би можел да достигне бројка од 5 милиони.

Евротип
SNBROKER
To Top