Новости

Свет

Германија останува затворена до 7. март: Фризерите се исклучок, а за училиштата одлучуваат покраините

Претставници на германската сојузна влада и покраинската влада одлучиле сегашните строги мерки со затворање во борба против коронавирусот да бидат продолжени до 7. март, со некои попуштања, како отворање на фризерски салони на почетокот на март.

„Ситуацијата со инцидентот од последниот состанок се подобрила. Сакам да им се заблагодарам на граѓаните што со своето однесување допринеле до подобрување на ситуацијата. Меѓутоа, ние сакаме се уште да ја намалиме инциденцијата и затоа ги продолжуваме актуелните мерки“, изјавила германската канцеларка Ангела Меркел после видео-конференцијата со премиерот на сојузната покраина.

Таа укажала дека во моментов најважно е спречување на ширењето на мутираните соеви на вирусите кои се појавиле во Германија.

„Понатамошните мерки споврзани се со мутацијата на вирусот чие ширење мораме да го спречиме по секоја цена. Многу е важно до средината на март да го следиме развојот на ширењето на мутирачките вируси за да не дојде до трет бран“, рекла германската канцеларка. Во секторот за воспитување и образование, кое е во надлежност на сојузните покраини, донесена е одлука федералните единици да го решат секоја според соптвената проценка.

„Моја желба беше училиштата и градинките да почнеме да ги отвораме дури на 1. март кога ќе очекуваме постабилен пад на инциденцијата под 50. Но, оставивме отворено сојузните покраини сами да одлучат за отворањењето на воспитните установи“, рекла Меркел.

Од 1. март треба да се дозволиу работа на фризерските салони со строго придржување на хигиенските мерки и носењето на маските.

Германската канцеларка нагласила дека и понатаму на сила остануваат мерките за ограничување на контактите. Така и понатаму е дозволена средба на претставниците на едно домаќинство со само еден член од некое друго домаќинство.

GOLD
To Top