Новости

Свет

Германија подготвува нови мерки за намалување на потрошувачката на гас

Германскиот министер за економија Роберт Хабек подготвува нови мерки што треба да ја намалат потрошувачката на гас и да компензираат за намалените испораки од Русија, според плановите со кои располага агенцијата Дпа.

Рускиот производител на гас Газпром минатата недела ја прекина испораката преку гасоводот Северен тек 1, поради, како што рече, доцнење на опремата испратена на ремонт во Сименс.

Сименс објави дека ги испратил турбините во фабрика во Канада, која пак го блокирала нивното враќање бидејќи вовела санкции кон Газпром поради руската инвазија на Украина.

Германија утврди дека од Русија добива 60 отсто помалку гас, а министерот за економија наведе неколку мерки што треба да ги компензираат намалените испораки на Газпром.

Хабек сака да ја намали потрошувачката на гас во производството на електрична енергија и во индустријата и да му даде приоритет на полнењето на складиштата за зимата. Наместо во термоелектраните на гас, повеќе електрична енергија треба да се произведува во термоелектраните на јаглен, предлага тој.

Во документот на пет страници, министерот за економија посочува дека „потрошувачката на гас мора дополнително да се намали, а повеќе гас да се насочи кон складиштата бидејќи зимава нема да има доволно“.

Евротип
SNBROKER
To Top