Новости

Свет

Германија размислува за затворање на внатрешните и надворешните граници поради Ковид-19

Германија најверојатно ќе ги затвори своите граници со соседните земји ако тие не реагира брзо на спречување на ширењето на Ковид-19, изјави денеска шеф на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел, Хелге Браун.

Тој за АРД истакна дека е важно да се држи под контрола нивото на инфекција за да можат државите да бидат заштитени од новите мутации на Ковид-19, што полесно се шират.

– Опасноста е дека кога инфекциите се зголемуваат во една земја, и таа мутација станува квази-мнозинство и тогаш заразата повеќе не може да се контролира. Затоа неизбежно ќе биде и воведување на построги правила за преминување на  нашите внатрешни граници, важно е сега да дејствуваме заедно, посочи Браун.

Претходно оваа недела, Германија ги продолжи рестриктивните мерки до средината на февруари.

GOLD
To Top