Новости

Свет

Германија ќе мора да воведе ограничување на брзината на автопатиштата

Доаѓа ли крајот на неограничено брзото возење на автопатиштата во Германија? По сé изгледа ќе мора да се воведе ограничување на брзината, макар и привремено. Притисокот не само од јавноста туку и од влијателните групи и организации расте – иако е јасно дека одлуката за ова ќе биде политичка, сепак не смеат да се игнорираат фактите кои велат дека заштедите на гориво со ограничувањето на брзината на германските автопатишта ќе бидат огромни, а со тоа и емисиите на CO₂ ќе бидат намалени. А тоа веќе нималку не е политичка работа. Според пресметките на федералната агенција за човековата околина, со ограничување на брзината на 130 km/h ќе се заштедат 600 милиони литри гориво годишно и во атмосферата ќе се испуштат 1,5 милиони тони CO₂ помалку, а пак со ограничување од 120 km/h бројките се искачуваат на 800 милиони литри гориво (отприлика колку што троши цела Македонија) и 2 милиони тони CO₂.

Во моментов на околу 70 отсто од автопатиштата во Германија нема ограничување на брзината. Нафтената криза ’73-тата наметна ограничување на 100 km/h, кое беше укинато после неколку месеци.

Евротип
SNBROKER
To Top