Новости

Свет

Германската влада планира олеснет влез за странски работници и во гастрономијата

Германската влада сака да го олесни доаѓањето на странски работници во земјата. По одлуките за олеснет влез за работници на аеродромите, слични планови сега има и за гастрономијата.
По одлуката за олеснување на влезот на работна сила на аеродромите, германската влада сега планира поедноставен влез и за работници во гастрономијата.

„Потребата од работна сила се заостри многу поради пандемијата“, изјави германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер. Таа во разговор за ДПА вели дека огромен недостиг на работна сила има не само во воздухопловството, туку и во гастрономијата и хотелиерството.

„Министерот за труд Хубертус Хајл и јас знаеме дека би морало да се донесат олеснувања за странски работници во тој дел“, вели Фезер и додава дека заедно со колегата Хајл уште годинава ќе предложи промени „за во Германија да се донесат добри работници“.

Поради недостигот од работна сила и хаосот кој како последица на тоа настана на германските аеродроми среде летните одмори, германската влада брзо се усогласи околу неопходноста од поедноставно и побрзо носење странски работници. Работниците, кои од странство ќе доаѓаат пред сѐ за подготовка на багажот и чекирање на патниците, би требало да стигнат главно од Турција, но се спомнуваат и балканските земји.

Евротип
SNBROKER
To Top