Новости

Свет

Германскиот министер за здравство: Итно да се воведат построги мерки

Германскиот министер за здравство Јенс Спан апелира до 16 сојузни германски држави брзо да воведат построги ограничувачки мерки со цел да се забави ширењето на коронавирусот.

Во последниот пресек на ситуацијата, Германија пријави скоро 30.000 нови случаи.

Спан рече дека не треба да се чека да биде усвоен националниот закон за мерки, пренесува „Ројтерс“.

„Од минатата есен знаеме што се случува кога не реагираме брзо“, изјави Спан пред новинарите, додавајќи дека лекарите очекуваат дека до крајот на месецот ќе има 6.000 пациенти на одделите за интензивна нега.

Германската канцеларка во неколку наврати се обиде да ги убеди „непослушните“ водачи на провинциите и да воведе уште построги мерки, иако оние што се на сила во Германија се едни од најстрогите што воопшто се применуваат.

Сепак, таа не успеа во тоа, па беше критикувана. На крајот, таа мораше да каже пред пратениците и телевизиската публика дека се извинува за тоа инсистирање и дека предлогот е исклучиво нејзин.

Евротип
Евротип
To Top