Новости

Свет

Германските болници во проблеми: Ако Владата не ја зголеми помошта вработените ќе останат без плати

Здружението на германски болници предупреди дека поради ограничувања на работата поради пандемијата, постои опасност клиниките повеќе да не можат да исплаќаат плати на вработените.

„Доколку владата јасно не ја зголеми помошта, тогаш клиниките веќе нема да можат да исплаќаат плати на вработените во првиот квартал од следната година“, рече претседателот на Здружението, Гaералд Гас.

Тој рече дека парите од вообичаените средства не се доволни и дека болниците во моментов имаат само ограничени финансиски средства.

Во средината на декември, германската влада донесе мерки за помош на болниците.

Според концептот на Министерството за здравство, болниците во регионите особено оние кои се оптоварени со коронавирусот, ќе добијат средства доколку се откажат од барањето што може да се одложи и со тоа да се ослободат креветите.

Според Гас, само 25 проценти од клиниките имаат корист од тоа.

Тој предложи да се обезбеди месечен буџет за болниците врз основа на податоците од 2019 година.

Две третини од болниците пресметуваат дека ќе прокнижат загуби во 2020 година, покажува сегашниот болнички барометар.

GOLD
To Top