Новости

Свет

Данска е прва земја која веќе нема да ја дава вакцината на „астразенека“

Данска објави дека трајно ќе престане да ја користи ковид вакцината на „АстраЗенека“ поради грижите околу ретките случаи на тромбоза. Таа е прва земја која целосно ја исфрлува оваа вакцина од својата програма за имунизација.

Европската агенција за лекови минатата недела објави дека постои можна врска помеѓу вакцината на „АстраЗенека“ и тромбоза, но и дека ризикот од смрт од ковид-19 е далеку поголем. Голем број држави ја ограничија употребата на вакцината на одредена возрасна група, вклучувајќи ја и Македонија.

САД и Европска Унија од исти причини ја суспендираа и вакцината на „Џонсон и Џонсон“.

Данска кажа дека ќе ги повлече преостанатите 2,4 милиони дози од вакцината на „АстраЗенека“, што ќе ја забави имунизацијата во земјата. Во Данска досега се вакцинирани околу еден милион луѓе, од кои 150.000 со „АстраЗенека“.

GOLD
To Top