Новости

Свет

Данска привремено ќе го суспендира вакцинирањето со АстраЗенека поради сериозни случаи на тромбоза: Европската Комисија чека ЕМА да даде став за компликациите

Портпаролот на Европската Комисија задолжен за здравство, Стефан Де Керсмакер, на денешниот брифинг за новинари изјави дека за случајот со здравствени компликации во Данска поради вакцината на АстраЗенека ќе се чека ставот на Европската агенција за лекови, ЕМА.

Данска денеска најави дека привремено се суспендира вакцинацијата со АстраЗенека поради сериозни случаи на тромбоза, но дека не се повлекува целосно од процесот со оваа вакцина пренесува Слободен печат.

На новинарско прашање дали Европската Комисија им препорачува на другите земји членки на ЕУ да бидат внимателни, портпаролот изјави дека Комисијата чека од Европската агенција за лекови, ЕМА, да даде став.

-Го следиме мониторингот на ЕМА и ќе го следиме нејзиниот став. ЕМА усвои прелиминарен став дека нема индикации дека оваа вакцина води до вакви појави, ќе следиме што ќе каже агенцијата бидејќи е на најдобра позиција за давање научно мислење, изјави портпаролот за здравство.

СН Брокер
To Top