Новости

Свет

Европската агенција објави список на аеродроми ризични за ширење на COVID-19

Европската агенција за безбедност во воздухопловството (EASA) направи список на аеродроми кои се наоѓаат во области со висок ризик од пренесување на инфекцијата COVID-19, се наведува на нивната веб-страница.

Србија и другите балкански земји, заедно со Германија и Австрија, се класифицирани како безбедни.

Списокот е направен во координација со земјите членки EASA и се заснова на информации од СЗО, како и Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Сите аеродроми во Белгија се наоѓаат на оваа листа.

Аеродромите во парискиот регион во Франција се исто така означени како ризични.

Британскиот Heathrow, холандскиот Schiphol, како и сите аеродроми во Стокхолм се на листата.

Каталонија и Мадрид се исто така означени како ризични области, па така и аеродромите кои таму се наоѓаат на списокот на оваа европска агенција.

Аеродромите во канадските региони Онтарио и Квебек се наоѓаат на листата, како и аеродромите во Москва и Санкт Петербург во Русија.

denar.mk

GOLD
To Top