Новости

Свет

Европската Комисија со препорака антигенските тестови да се користат кај лица со симптоми

Европската комисија денеска препорача брзите анагени тестови за откривање на коронавирус да се користат главно кај луѓе кои покажуваат симптоми затоа што се помалку сигурни кај асимптоматските лица.

„Брзите тестови на антигени треба да се користат во рок од пет дена од почетокот на симптомите или во рок од седум дена по контакт со лице потврдено за ковид-19“, се вели во необврзувачките препораки до владите на земјите-членки.

„Што се однесува до можноста за употреба на брзи антигени тестови кај асимптоматски лица, треба да се има на ум дека во моментов има многу ограничени податоци за нивната ефикасност во овој контекст. Покрај тоа, за моментално достапните антигени тестови, производителите не наведуваат дека асимптоматските лица се целна популација“, се наведува во препораките.

Пред новиот виртуелен самит на лидерите на ЕУ, што ќе се одржи во четврток навечер, Комисијата издаде упатства за избор на брзи антигени тестови, кога да се користат и кој треба да ги спроведува.

Препораките, исто така, ги повикуваат земјите-членки меѓусебно да ги признаваат тестовите и нивните резултати, што е од големо значење за прекуграничните движења во рамките на ЕУ, следењето и третманот на прекуграничните контакти.

“Тестирањето ни кажува колкав е степенот на инфекцијата, каде и како се развива. Тоа е клучна алатка за забавување на ширењето на ковид-19”, рече комесарот за здравство Стела Киријакидес.

Сигурните PCR тестови остануваат златен стандард, но нивните резултати треба да се чекаат неколку дена, додека резултатите од антигените тестови се чекаат помалку од половина час.

„Земјите-членки се охрабруваат да спроведат брзо тестирање на антиген заедно со PCR тестови за борба против ширењето на вирусот, откривање на инфекции, ограничување на изолацијата и карантин“, соопшти Комисијата.

GOLD
To Top