Новости

Свет

ЕК усвои регулатива за обврзувачка деветмесечна валидност на ковид сертификатите

Европска комисија денеска усвои регулатива за важење на сертификатите за Ковид-19 девет месеци од примарната вакцинација, изјави претставник на Европска Унија.

Тој додаде дека новите прописи ќе бидат обврзувачки за 27 земји-членки од 1 февруари.

Регулативата може да биде поништена со квалификувано мнозинство од владите на ЕУ или просто мнозинство од членовите на ЕП, но според официјалните лица нема доволно поддршка за тоа.

Евротип
SNBROKER
To Top