Новости

Свет

ЕУ од утре ги отвора границите за 15 земји, од регионот само Србија и Црна Гора

Советот на ЕУ официјално препорача укинување на ограничувањата за патување за 15 држави, почнувајќи од утре.

Од регионот на листата се само Србија и Црна Гора. На листата се и Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и Кина, за која се чека потврда за реципроцитет.

ЕУ потенцира дека листата ќе се ажурира на секои две седмици, во зависност од епидемиолошката слика.

Нацрт-списокот со 54 земји беше дискутиран од членките на ЕУ, но конечниот список содржи само 15 држави.

И покрај препораката на Европската комисија да им се даде зелено светло на сите земји од Западниот Балкан за влез во ЕУ од 1 јули, земјите членки се согласија да дозволат постепено укинување на рестрикциите само за граѓаните на Србија и Црна Гора.

GOLD
To Top