Новости

Свет

ЕУ подготвува нови санкции за Русија

Нови санкции за Русија подготвува Европската комисија, потврдиле за Ројтерс извори од ЕУ. Новите мерки ќе зависат од ставот на Москва за плаќањето на гасот во рубљи.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин истакна дека сака „непријателските“ земји, вклучително и земјите од ЕУ, сметките за гас да ги плаќаат во рубљи што западните земји го одбија.

Изворите од ЕУ потврдиле дека новиот пакет санкции би можел да биде подготвен веќе следната недела. Изршната комисија се консултира со владите во ЕУ во врска со пакетот за усогласување.

Официјални лица во неколку наврати истакнаа дека санкциите против руските олигарси може да се заобиколат со користење на членови на семејствата, криптовалути, но и фиктивни компании. Останатите санкции кои се воведен (пр. замрзнување на имотот, исклучување на руската банка од СВИФТ…) не можат да се избегнат.

Евротип
SNBROKER
To Top