Новости

Свет

За вакцинираните бонус, за невакцинираните санкции – уште една авиокомпанија со драстични мерки

Алјаска Ерлајнс обезбедува стимулација од 200 долари за вработените кои ќе докажат дека се целосно вакцинирани против коронавирусот.

Во соопштението објавено оваа недела, авиокомпанијата со седиште во Сиетл, објави дека вработените кои ќе достават доказ до 15 октомври, ќе бидат наградени со бонус.

Целта на наградата е да се поттикне вакцинација меѓу вработените, пишува БизЛајф.

Авиокомпанијата исто така одлучи, дека повеќе нема да ги покрива платите за невакцинираните вработени за секое отсуство предизвикано од контакт со вируот или инфекција.

Оние кои не се вакцинирани, исто така, ќе мора да присуствуваат на „програма за едукација за вакцини“, додека „протоколот за тестирање“ ќе биде воведен како „уште едно ниво на безбедност“.

Во меѓувреме, секој нов вработен што се придружува на Алјаска Ерлајнс и нејзината подружница Хоризонт Ер, мора целосно да се вакцинира пред да започне со работа, рекоа од авиокомпанијата.

Околу 75% од 20.000 вработени се веќе вакцинирани, според авиокомпанијата, која призна дека има „повеќе работа“ кога станува збор за зголемување на стапката на вакцинација кај работниците.

Овој потег доаѓа, откако Јунајтед Ерлајнс стана првата голема американска авиокомпанија што воведе задолжителна вакцинација на вработените минатиот месец.

Евротип
SNBROKER
To Top