Новости

Свет

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Мелбурн

Со јачина од 5,8 степени земјотрес го погоди австралискиот град Мелбурн, а земјотресот бил почувствуван и во повеќе делови од југоисточна Австралија.

Неколку гради се оштетени во Мелбурн, а епицентарот бил во Менсфилд, град недалеку од Мелбурн.

Премиерот Скот Морисон изјави дека нема информации за жртви ниту за повредени.

„Тоа е добра вест“, рече Морисон.

Ова е еден од најсилните земјотреси во Австралија во историјата. Овој земјотрес денеска е посилен дури и од оној пред 32 години, во 1989 година кога во Њукасл загинаа 13 лица.

Евротип
Евротип
To Top