Новости

Свет

Зошто Благодатниот Оган секогаш Го дочекува Православен патријарх

Благодатниот оган секоја година слегува во вид на светлина од небесата и ги запалува свеките на православниот патријарх кој пред тоа има посебни подготовки со пост(без да вкуси ништо од Цветници ), молитва итн.
Но,нечестивиот помогнал и во 16 век Ерменците со измама ги поткупиле Ерусалимските власти и за дочекувањето на Благодатниот Оган бил избран нивниот патријарх. А на православниот му било забрането воопшто да влезе во Храмот.
Затоа Патријархот и останатиот православен народ останале пред порите на Храмот на Христовото Воскресение.
А не биле свесни подмолните , дека со оваа постапка само ќе ја потврдат Православната вера како единствена ВИСТИНСКА права вера.Имено, се случило вака: Православниот Патријарх стоел пред портите на храмот, во молтва и со сите претходни припреми како вообичаено и во рацете држел 33 свеќи како и сите други, а Ерменскиот бил внатре на Гробот Господов очекувајќи го слегувањето на Благодатниот Оган .
Но, ако ги излажале Ерусалимските власти, Бог неможе никој да Го излаже, па така Благодатниот Оган во вид на светлина, со брзина на молња удира во средниот столб пред портите и со пламен се запалуваат свеќите на Православниот Патријарх. Во радост сите воскликнувале Алилуја Алилуја Христос Воскресна! А Ерменците останале посрамени.
Сето ова што се случило го видел еден муслиман кој бил на прозорот над портите. Од страв и вчудоневиденост тој паднал одозгора , но по Божја промисла останал жив. Тогаш тој Го признал Исус за свој Бог и рекол дека верува во Него. Поради тоа бил погубен од муслимани и така крстен во сопствената крв тој станал Христов маченик.
Имало и уште еден случај предходно кога други сакале да го дочекаат Благодатниот Оган, но тогаш воопшто не слегол , а после овој настан до ден денешен никој не се осмелил на такво нешто.
Слава Ти Господе на Твојата голема милост!
Извор: Православие.мк

GOLD
To Top