Новости

Свет

Индија: Авион се лизнал од пистата и се преполовил, најмалку 17 загинати

Најмалку 17 лица загинаа, а десетици се повредени кога авион на „Ер Индија“ со 191 патници принудно слетал на аеродромот Каликут во индискиот град Керала.

Според локалните медиуми, авионот што доаѓал од Дубаи се лизнал од пистата и се преполовил, а несреќата се случила во време кога во тој дел на Индија врнел силен дожд.

Началникот на полицијата во државата Керала изјави дека 15 лица загинале и оти најмалку четири патници се заглавени во остатоците од авионот.

Авионот ги враќал Индијците кои останале „заглавени“ во Дубаи поради пандемијата на коронавирусот.

GOLD
To Top