Новости

Свет

Италијанските наставници нема да може да одат на работа ако не се вакцинирани

На еден месец пред почетокот на новата учебна година во Италија, која според владината одлука ќе започне со ученици на училиште, речиси 15 проценти од наставниот кадар или 217.000 наставници се уште не се имунизирани, пишува агенцијата Анса.

Според владината одлука, целиот наставен кадар мора да има сертификат за вакцинација, таканаречен зелен картон, во спротивно нема да може да предава.

Исклучок се оние кои имаат посебни здравствени проблеми, и тие исто така ќе треба редовно да се тестираат за ковид-19 за да бидат во директен контакт со учениците.

Евротип
SNBROKER
To Top