Новости

Свет

Италија забрани влез за 13 земји, меѓу нив и Македонија

Италија вчера воведе забрана за влез и транзитен премин на патници од 13 земји поради состојбата со коронавирусот. Меѓу тие земји е и Македонија.

Во соопштението на Министерството за здравство на Италија се нагласува дека донесена е забрана за влез во Италија и транзитен премин преку таа земја за патниците кои во последните 14 дена доаѓаат или транзитно преминуваат од Македонија, Босна и Херцеговина, Ерменија, Бахреин, Бангладеш, Бразил, Чиле, Кувајт, Молдавија, Оман, Панама, Перу и Демониканска Република.

Исто така, сите летови од и кон тие земји се сопрени се’ додека да се обезбеди здравствена заштита од соодветно ниво.

Во Италија досега починаа околу 35.000 луѓе од коронавирусот.

GOLD
To Top