Новости

Свет

Итно соопштение на „АстраЗенека“: Ќе обезбедиме нови информации за нашата вакцина во рок од 48 часа

Лабораторијата на „АстраЗенека“ денес се обврза да обезбеди ажурирани податоци до регулаторното тело на САД кои ги следат клиничките испитувања на нејзината анти-ковид вакцина за 48 часа, бидејќи беше наведено дека оваа компанија има потенцијално „застарени“ податоци за таа вакцина.

„АстраЗенека“ објасни во соопштението дека користела податоци од пред 17 февруари за резултатите објавени во понеделникот на клиничките испитувања спроведени во САД.

Таа увери дека сака „веднаш“ ќе стапи во контакт со Администрацијата за заштита на податоци и безбедност на САД (DSMB) и дека сака таа администрација да анализира со „најсовремени податоци за ефикасност“ во рок од 48 часови.

Вакцината „АстраЗенека“, која се користи во голем број земји, вклучувајќи ги и оние во ЕУ, сè уште не е одобрена во Соединетите држави, каде властите побараа дополнителни податоци за испитувањата во три фази спроведени на американска територија.

Евротип
SNBROKER
To Top