Новости

Свет

Казни и до 200 евра ако оставите крпи на плажа преку ноќ на ова место

Многу туристи ги оставаат своите крпи и лежалки преку ноќ на јадранските плажи, за да си обезбедат место покрај морето следниот ден.

Како што пишува index.hr, вакви „резервации“ веќе нема да можат во Ново Винодолско, бидејќи од општинското комунално претпријатие најавиле дека оние што ќе остават реквизити на плажа ќе бидат казнети.

Исто така, и предметите кои ќе бидат оставени, ќе бидат отстранети од плажата.

Согласно член 59 од Одлуката за комунален ред, забрането е оставање на крпи, реквизити за плажа и други лични предмети на природни и организирани плажи по користење.

За прекршителите се пропишани казни кои се движат од 80 до 200 евра за граѓаните и до 1.300 евра за правните лица.

Градот Нови Винодолски ќе го отстрани сето останато на плажите, а сопствениците, доколку сакаат, ќе можат да ги соберат во нивниот домот на културата.

Предметите може да се соберат во рок од осум дена.

Евротип
SNBROKER
To Top