Новости

Свет

Канада ги отстранува визите за бугарските граѓани

Од 1 декември отпаѓаат сите ограничувања за бугарските граѓани кои патуваат во Канада. Ова стана јасно откако Отава најави официјално укинување на визите за бугарските и романските граѓани.

Уште од 1 мај во земјата ќе можат да влегуваат без визи бугарските граѓани, кои во последните 10 години имале канадска виза, како и оние кои имаат важечка виза за САД.

Канада сеуште ќе бара од бугарските граѓани да издадат електронска дозвола за патување. До олеснувачкиот режим за патување се стигна по потпишувањето на договорот за слободна трговија меѓу Европската унија и Канада.

GOLD
To Top