Новости

Свет

Кина им дозволи на паровите да имаат и по три деца

Кина денес објави дека на секој пар во таа земја ќе им биде дозволено да имаат до три деца, откако неодамнешните податоци покажаа драматичен пад на бројот на раѓања во најнаселената земја во светот.

Во 2016 година, Кина ја укина својата децениска одредба дека на паровите им е дозволено да имаат само едно дете и утврди дека можат да имаат две. Но, овој потег не резултираше со пораст на наталитетот, бидејќи трошоците за одгледување деца во кинеските градови се доста високи и многу граѓани одлучија да останат на едно дете, пишува Ројтерс.

Според кинескиот попис, кој се одржува на секои десет години, населението во Кина во последната деценија има најбавен раст од педесетите години на претходниот век.

Во 2020 година, плодноста беше 1,3, што значи дека Кинеските жени имале просечно 1,3 деца за време на плодниот период – бројка слична на онаа на стареењето на општествата како што се Јапонија и Италија.

Извор: Индекс.хр

Евротип
SNBROKER
To Top