Новости

Свет

Ковчегот со телото на кралицата Елизабета денеска пристигнува во Лондон

Ковчегот со телото на кралицата Елизабета Втора ќе биде пренесен во Лондон денеска, откако претходниот ден беше изложен во катедралата Свети Гилс во Единбург.

Кралот Чарлс Трети, заедно со своите браќа и сестри, вчера присуствуваше на бдение во катедралата Свети Гилс, при што жителите на Единбург можеа да влезат и да ѝ оддадат почит на покојната кралица, пренесува „Ројтерс“.

Кралицата Елизабета почина во четвртокот во нејзиниот замок Балморал, Шкотска, на 96-годишна возраст по 70-годишно владеење, според една британска агенција.

Во Велика Британија на 18 септември, ден пред погребот на кралицата Елизабета Втора, ќе се одржи национално минута молчење, соопшти вчера британската влада, пренесе Блиц.рс.

Евротип
SNBROKER
To Top