Леопард влегол во училница во Индија и нападнал ученик

Камера поставена во училница во Индија снимила леопард како влегува и напаѓа ученик.
На видеото од безбедносната камера поставена во училницата на училиштето во индискиот град Алихарху се гледа како леопард шета низ училницата, а пред тоа го нападнал ученикот и му нанел полесни повреди.
Станува збор за петгодишен леопард кој бил заспан и фатен после 11 часа.
Се верува дека ѕверот залутал во училиште од блиската шума во потрага по храна.
Инаку, чести се средбите на леопарди и луѓе поради намалувањето на нивното живеалиште во Индија, па храната ја бараат во селата и градовите.
