Новости

Свет

Лондонскиот Биг Бен одѕвони и го означи едноминутното молчење во спомен на кралицата Елизабета

Точно во 20:00 часот по британско време, во Велика Британија беше оддадена минута молчење во спомен на кралицата Елизабета Втора.

Споделувајќи со светот за смртта на кралицата, најголемата саат-кула со камбанарија во светот, лондонскиот Биг Бен, за последен пат ја поздрави својата кралица и го означи почетокот на таа минута, а потоа и нејзинот крај.

Луѓето чекаа во ред со часови за да и оддадат почит на кралицата во оваа минута.

Биг Бен, исто така, ќе одѕвони и утре за време на погребот на кралицата во интервал од една минута додека државната погребна поворка тргнува од Вестминстерската опатија.

Кралот Чарлс Трети вечерва приреди прием во Бакингемската палата за светските лидери пред утрешниот погреб на британската кралица.

Како гости на британскиот монарх се собраа претседатели, премиери и членови на кралското семејство од целиот свет.

Беа поканети околу 200 до 250 лидери, од кои повеќето ги донесоа своите сопруги, меѓу кои и американскиот претседател Џозеф Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон.

Меѓу нив беа и претседателот на Ирска, Мајкл Хигинс, и премиерите на Велика Британија, Лиз Трас, на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн и на Канада, Џастин Трудо.

Погребот на британската кралица Елизабета Втора ќе биде извршен утре во присуство на повеќе од 500 официјални лица.

Евротип
SNBROKER
To Top