Новости

Свет

Малолетниците во Австралија ќе можат да пријдат до социјалните мрежи само со дозвола од родител

Австралија планира да воведе одредба со која се бара родителите да се согласат за користење на социјалните мрежи од лицата помлади од 16 години.

Според предлог-законот што денеска беше објавен, компаниите што стојат зад социјалните мрежи се соочуваат со казни до 10 милиони австралиски долари (7,5 милиони американски долари) доколку не ја почитуваат одредбата.

Си-Ен-Ен пренесува дека компаниите што стојат зад социјалните медиуми, како што се форумот Reddit и апликацијата за запознавање Bumble, исто така, ќе треба да преземат одредени мерки за да можат да ја утврдат возраста на корисниците.

Евротип
Евротип
To Top