Новости

Свет

Медицинска сестра убила доктор, го распарчила, а потоа го сварила поради љубовна афера

Медицинската сестра која го убила својот колега лекар кој ја уценувал за секс е осудена на смрт.

Според локалните извештаи од Кина, медицинската сестра била вработена во службата за итни случаи. Имено, Ли Фенгпинг (25) имала сексуална врска со заменик-шефот на клиниката за ортопедија на болницата каде што работела – Лу Јуанџијан.

Фенгпинг, како што се наведува, имала големи долгови кон својот колега со оглед што била коцкар, па била принудена да го „отплати долгот“ преку сексуални односи, но тој долг понекогаш се враќал и по три пати неделно. Наводно, на Фенгпинг тоа многу í пречело.

Соседите на медицинската сестра од зградата од другата страна на улицата снимиле вознемирувачки фотографии на кои се гледа моментот кога припадниците на локалните служби го напуштаат нејзиниот дом со покриени носилки на кои се наоѓало распарченото тело на лекарот.

Фенгпинг се одмаздила за наводната уцена така што го убила нејзиниот колега, а потоа деловите од неговото тело ги сварила, полицијата пронашла делови од телото во нејзиниот тоалет.

Шокантното убиство се случило на 23-ти март во станот што Ли го изнајмувала, сместен зад болницата во градот Јулин, каде што таа работела. Според медиумите, таа е осудена на смрт за убиство со умисла.

Исто така и било наредено да плати отштета на семејството на убиениот во износ од 98.000 јуани, објави кинески портал. Не е познато на кој датум ќе се изврши казната.

Извор: Канал 5

Евротип
Евротип
To Top