Новости

Свет

Меркел: Задолжителни маски и на отворено

Германската канцеларка Ангела Меркел најави дека ограничувачките мерки против короната ќе бидат продолжени најмалку до 20 декември, а можеби дури и во јануари.

Таа изјавила дека Германците ќе мора да носат маски на отворено, на пешачки зони и центри на градот, пренесува Ројтерс.

Меркел изјави дека се договорила со лидерите на 16 германски сојузни држави дека мерките против ширењето на коронавирусот ќе останат на сила до 20 декември, додавајќи дека е многу веројатно дека мерките ќе останат на сила до јануари.

„Бројот на инфекции е сè уште преголем“, изјави Меркел пред новинарите, но додаде дека мерките ќе бидат олеснети за време на Божиќните празници, објави Ројтерс.

Таа рече дека обврската за носење маски на отворено ќе се воведе во Германија, каде има голема фреквенција на луѓе или во центрите на градот, пренесува Ројтерс.

“Сè уште сме далеку од 50 заразени на 100 000 жители за седум дена. Убедена сум и се согласивме за тоа, сепак треба да се стремиме кон таа цел”, рече канцеларката.

Британската агенција потсетува дека на 2 ноември Германија воведе нова „блокада“ со цел да се бори против вториот бран на вирусот кој се прошири низ цела Европа.

Според договорените мерки во Германија, на најмногу пет лица, не сметајќи ги децата, ќе им биде дозволено да присуствуваат на приватни собири, додека на најмногу 10 лица ќе им биде дозволено да се соберат за време на Божиќните празници, додава Ројтерс.

GOLD
To Top