Новости

Свет

Меркел се откажа: Нема целосно да се затвори Германија за Велигденските празници

Германската канцеларка Ангела Меркел се откажа од плановите за целосно затворање на Германија за Велигденските празници. Таа изјави дека тоа беше нејзина лична грешка.

– „Тоа беше моја лична грешка“, призна Меркел по денешниот вонреден состанок со премиерите на 16-те сојузни покраини.

Канцеларката вчера објави дека стоги мерки за време на велгиднеските празници според кои најголемиот дел од продавниците би биле затворени, а семејните групирања дополнително ограничени.

Мерките предизвикаа остра реакција на епидемиолозите, бизнис заедницата и политичките сојузници на Меркел.

Евротип
Евротип
To Top