Новости

Свет

Министерот за здравство предвидува среќно и слободно лето за Велика Британија

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок предвидува дека Велика Британија за шест месеци ќе има среќно и слободно лето, но исто така предупреди дека пред тоа ќе се соочи со неколку тешки месеци.

Неговата изјава во врска со летото доаѓа откако англиски службеник за јавно здравје рече дека укинувањето на рестрикциите поради пандемијата на коронавирусот мора да се одвива многу бавно и многу внимателно.

На прашањето кога може да се укинат рестриктивните мерки, Ханкок рече дека сè уште има значителен притисок врз болниците.

„Тоа е тежок баланс: мора да се движиме најбрзо што можеме, но на таков начин да ги заштитиме луѓето“, истакна тој.

Ханкок рече дека негова најголема грижа во моментот е што може да се појават повеќе варијанти на вирусот.

Само во саботата рекордни 598.389 луѓе ја примиле вакцината против ковид-19, објави Хенкок на Твитер.

Тој изрази огромна благодарност до целиот тим кој во саботата реализираше рекорден број на инјектирани вакцини.

Според официјалните податоци, 8.98 милиони луѓе во Велика Британија примиле прва доза од вакцината.

Министерот за вакцинација Надим Захави на Твитер напиша дека ова е нов рекорд.

„Го срушивме рекордот за еден ден. Браво за нашите тимови. Браво за здравствените работници, војниците и армијата волонтери. Ќе успееме“, рече Захави.

GOLD
To Top