Новости

Свет

Москва ги враќа парите од казните за кршењето на антиковид мерките

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, ја објави т.н.Ковид 19 амнестија. Станува збор за неочекувана и за многумина необична одлука која вели дека 13,6 милијарди рубљи (223 милиони евра) ќе бидат вратени на граѓаните кои за време на пандемијата платиле „казни“ за непочитување на мерките за заштита.

Ќе престанеме да собираме казни и ќе вратиме вкупно околу 13,6 милијарди рубљи (од казни), што во сегашните услови ќе стане опиплива мерка за поддршка на компаниите и жителите, рече Собјанин.

Собјанин потсети дека мерките против ширењето на пандемијата во руската престолнина се укинати пред неколку месеци, но дека се уште се наплатуваат претходно изречените казни.

„Денес има други предизвици и проблеми. Гледаме пад на реалните приходи на граѓаните“, објави градоначалникот на Москва на својот профил.

Граѓаните и фирмите можат да аплицираат за враќање на претходно платените глоби до крајот на годината во прилог на решението за изрекување административна казна и потврда за уплата.

Но, Собјанин не објасни што ќе се случува со оние кои не сочувале докази за плаќање на казната.

Евротип
SNBROKER
To Top