Новости

Свет

НАСА планира две нови мисии на Венера

НАСА најави дека планира две мисии на Венера со цел да ја истражи атмосферата на планетата.

Мисиите имаат буџет од 500 милиони долари, а се планирани во периодот меѓу 2028 и 2030 година.

Бил Нелсон, администратор во НАСА, изјави дека овие мисии ќе овозможат прилика за истражување на планетата по повеќе од 30 години. Последната сонда наречена Magellan беше испратена на Венера во 1990 година.

Оттогаш, други летала само минуваа покрај Венера. Новите мисии се одбрани според нивниот научен потенцијал и вредност. Ќе се испитува како планетата се формирала и еволуирала и дали на неа некогаш постоел океан.

Во едната мисија ќе бидат направени и фотографии со висока резолуција со цел да се откријат геолошките карактеристики на планетата, додека втората мисија е за мапирање на површината на планетата за да се проучи геолошката историја и да се истражи зошто се развила толку поинаку од Земјата.

СН Брокер
To Top