Новости

Свет

Настанот кој го очекува целиот свет – Доаѓа викендот на крунисување на британскиот крал Чарлс III

Со традиционалната црковна церемонија и кралска поворка, доаѓа викендот на крунисувањето на британскиот крал Чарлс III.

Големиот не вклучува и концерт полн со светски ѕвезди и национален „голем ручек“, соопшти Бакингемската палата.
Имено, Чарлс III стана крал после смртта на неговата мајка Елизабета Втора во септември минатата година. Своевремено, Чарлс стана шеф на 14 земји од Комонвелтот, вклучувајќи ги Австралија, Канада и Нов Зеланд.

Крунисувањето, сепак, традиционално се случува неколку месеци откако новиот крал го наследи тронот, по период на национална жалост за претходниот монарх и интензивни подготовки за раскошната церемонија на устоличување на новиот.

Првото крунисување во Британија од 1953 година ќе го следи целиот свет и на него ќе присуствуваат бројни светски претставници. Ќе започне со свеченото крунисување и помазание на Чарлс во лондонската Вестминстерска опатија во сабота на 6 мај, во традиција стара повеќе од 900 години.

Службата ќе ја води надбискупот од Кентербери Џастин Велби и треба да ја одразува и историската традиција на британската монархија и нејзината модерна улога.

Сопругата на Чарлс, кралицата Камила исто така ќе биде крунисана. Двојката ќе пристигне во Вестминстерската опатија во „кралска поворка“ заедно со другите членови на семејството. Тој ќе се врати во Бакингемската палата во уште поголема поворка, „поворката за крунисување“, а потоа од балконот на палатата ќе им мавне на толпата, која се очекува да биде илјадници. Во недела ќе има специјален концерт во замокот Виндзор кој директно ќе го пренесува Би-би-си.

Ќе настапат „Глобални музички икони и современи ѕвезди“, се вели во соопштението на палатата. Билетите ќе се делат со лотарија. Централниот дел на вечерта ќе биде „осветлување на нацијата“, односно осветлување на клучните британски знаменитости со вештачко осветлување. Во понеделник, на 8 мај, кој за оваа прилика ќе биде неработен ден за Британците, ширум земјата ќе се организираат национални хуманитарни ручеци и улични забави.

Принцот Хари и неговата сопруга Меган, кои ги засенија првите месеци од владеењето на Чарлс со бројните интервјуа и книгата на Хари „Spare“ во кои ,,исфрлија” многу работи на виделина за кралското семејство, сè уште не се знае дали ќе бидат поканети на крунисувањето и дали ќе одговорат.

Евротип
SNBROKER
To Top