Новости

Свет

Научниците ја откриле можната причина зошто заразата со омикрон е поблага отколку со делта

Научниците ја идентификувале можната причина зошто инфекцијата со омикрон е поблага од другите варијанти на коронавирус.

Истражувањата покажале дека омикронот е почувствителен на имунолошкиот одговор на луѓето отколку делта варијантата, објавија истражувачите од Германија и Велика Британија во списанието Cell Research.

„Нашата студија за прв пат објасни зошто инфекциите со омикрон имаат помала веројатност да предизвикаат тешка болест“, рече Мартин Михаелис од Одделот за бионаука на Универзитетот во Кент, чиј тим ја спровел студијата во Универзитетската болница во Франкфурт.

„Омикрон, за разлика од делта, се чини дека не успева да ги спречи заразените клетки да произведуваат и лачат интерферон, природен протеин одговорен за имунолошкиот одговор присутен во сите човечки клетки.“

Инфицираните клетки произведуваат интерферон. Едноставно кажано, овие супстанции служат како гласници кои, меѓу другото, ги информираат другите клетки за присуството на вирусот. Според ова истражување, делта се покажала како „поуспешна“ од омикрон кога станува збор за способноста на клетките да го блокираат производството на интерферон.

Интерферонот е важен за неспецифичен имунолошки одговор, односно за многу брза и поопшта реакција на имунолошкиот систем во борбата против патогените. Неспецифичен имунолошки одговор треба да се разликува од специфичен имунолошки одговор на кој е потребно подолго време за да се активира. Специфичен имунолошки одговор произведува антитела кои постојат за да се борат против одреден патоген, објави СајенсДејли.

Евротип
SNBROKER
To Top