Новости

Свет

На плажите повторно видени ајкули: Пливаат на само педесетина метри од брегот

Летово вестите за напади од ајкули ги преполнија насловните страници на весниците и интернет портали.

Светските и домашните медиуми јавија за несреќата што се случи на почетокот на јули во Хургада, кога морски еж усмрти две жени.

Пред неколку дена две ајкули пливаа во плиткото на Флорида.

Сличен инцидент се случи веднаш до брегот на плажа во Алабама.

Луѓето ги снимија морските ѕверови со нивните телефонски камери и видеото набрзо беше објавено на социјалните мрежи.

На клипот јасно се гледаат две перки од ајкули кои кружат на педесетина метри од брегот, додека еден човек оди во плиткото обидувајќи се да види дали навистина се ајкули, што воопшто не се препорачува.

Евротип
SNBROKER
To Top