Новости

Свет

Нема плата ако одите во карантин – Нови правила за неимунизираните работници во Германија

Германските здравствени власти планираат нови правила според кои неимунизираните работници нема да добијат надомест на плата доколку мерките ги принудат на карантин.

Новите правила ги подготвува германското Министерство за здравство, и треба да стапат во сила најдоцна на 11 октомври. Новите правила ќе влијаат на луѓето кои се позитивни, како и оние што се враќаат од патувања од земји означени – „висок ризик“, кои сега ги вклучуваат Велика Британија, Турција и делови од Франција.

Неимунизираните патници од такви земји мора да бидат ставени во карантин најмалку пет дена, а не е задолжително оние што се имунизирани или неодамна се опоравиле од заразата.

Евротип
Евротип
To Top