Новости

Свет

Непознат вид на коронавирусот откриен во Гармиш Партенкирхен

Непознат вид на коронавирусот откриен во Гармиш Партенкирхен. Примероците на пациентите со новиот вид веднаш се испратени во Берлин, каде што деталната анализа го потврдила сомневањето дека станува збор за нова варијанта на корона.

Засега нејасно е кои карактеристики ги има мутираниот вид кој сега е откриен во Германија.На клиниката во Гармиш Партенкирхен, според информациите на германските медиуми, пронајден е нов, досега непознат вид на коронавирусот.

Во болницата во Гармиш Партенкирхен 73 пациенти и вработени се позитивни на коронавирусот.

Минхенскиот „Меркур“ пишува дека кај тројца од тестираните е откриен досега непознат вид на коронавирусот.

Лаборантите во клиниката утврдиле со помош на специјалел лабораториски апарат, неправилности во примероците.

Од клиниката во Гармиш Партенкирхен велат дека е нормално вирусот да мутира, и потсетуваат дека од почетокот на пандемијата ширум светот утврдени се 12.000 промени на секвенцата на вирусот.

GOLD
To Top