Новости

Свет

Нов Зеланд ги заострува мерките поради Омикрон, но го отфрла заклучувањето

Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн денеска изјави дека ќе се зголемат мерките во земјата доколку Омикрон варијантата на коронавирусот се пренесе во заедницата, но го отфрли заклучувањето.

Силните контроли во Нов Зеланд и неговата географска оддалеченост помогнаа Омикрон да не се шири во земјата, иако многу случаи се пријавени во карантин на границата.

„Црвениот аларм ќе биде воведен во рок од 24 до 38 часа откако Омикронот ќе биде раширен“, рече Ардерн на прес-конференција.

Таа истакна дека маските ќе станат задолжителни и ќе се воведат ограничувања за собири.

„Од другите земји знаеме дека потребни се само околу 14 дена за случаите на Омикрон да пораснат од стотици на илјадници. Прашањето е кога ќе се случи ова и затоа мора да бидеме подготвени“, рече Ардерн.

Околу 93 отсто од жителите на Нов Зеланд постари од 12 години се целосно вакцинирани, а околу 20 отсто примиле засилувачка доза.

Границите на Нов Зеланд се затворени за странци од март 2020 година, а планот за постепено отварање е поместен од средината на јануари до крајот на февруари поради варијантата Омикрон.

Евротип
SNBROKER
To Top