Новости

Свет

НОВ ПАКЕТ САНКЦИИ КОН РУСИЈА: Ќе ја испратат „подлабоко во економска и технолошка изолација“-тврди САД

Новите американски санкции кон Русија ќе бидат насочени кон нејзините финансиски институции и државни претпријатија, како и кон владини претставници и членови на нивните семејства, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

Таа рече дека „најважната цел е да се исцрпат ресурсите што ги има Путин за да ја продолжи својата војна против Украина“.

„Мерките ќе ги оштетат клучните инструменти на руската државна моќ, ќе наметнат трајна и непосредна штета на Русија и ќе ја повикаат на одговорност руската клептократија која ја финансира и поддржува војната на Путин“, рече таа.

Псаки додаде дека сеопфатниот пакет санкции, кој ќе биде објавен денес во координација со Г7 и ЕУ, ќе ја испрати Русија „подлабоко во економска и технолошка изолација“.

Американското Министерство за финансии паралелно иницираше блокада на сите исплати на долгот на руската влада во долари од сметки во американските финансиски институции, што и отежнува на Русија да ги исполни своите финансиски обврски.

Евротип
SNBROKER
To Top