Новости

Свет

Од вчера по 300 евра за секое дете во Германија

Од вчера почна исплатата на 300 евра за секое дете во Германија. Тоа е само една од мерките од спасувачкиот пакет договорен во јуни за справување со пандемијата. Речиси 18 милиони деца ќе добијат додаток од 300 евра.

Додатокот е дел од огромен пакет мерки за справување со кризата предизвикана од коронавирусот. Станува збор за 300 евра, при што 200 евра ќе бидат исплатени во септември, а останатите 100 евра – во октомври.

Барања за примање на парите не се поднесуваат – плаќањето е автоматско. Единствениот предуслов за добивање на износот е да се користеле детски додаток најмалку еден месец оваа година – односно бонус од 300 евра ќе добијат родителите чии деца ќе се родат до крајот на годината пренесува тв21.

GOLD
To Top