Новости

Свет

Од денеска во Австрија се воведува ограничување на движењето што ќе важи цел ден

Од денеска во Австрија се воведува ограничување на движењето што ќе важи цел ден, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Новите мерки за целосен карантин, направени по пример на оние што беа во сила изминатата пролет, ќе почнат да се применуваат од денеска и ќе важат до 6 декември, а целта им е драстично намалување на контактите.

Покрај угостителските и хотелските капацитети, затворени се и продавниците, освен за храна, аптеки, банки, пошти, бензински пумпи.

Ограничувањата во движењето се проширени на целиот ден, така што граѓаните ќе можат да излезат од дома само ако треба да ги купат најважните производи, да помогнат на некој друг, да одат на работа или да се прошетаат од ментални и физички причини или заради прошетка на својот домашен миленик.

GOLD
To Top