Новости

Свет

Од денеска патувањата меѓу Австралија и Нов Зеланд без задолжителен карантин

Укинувањето на ограничувањата е олеснување за семејствата кои веќе долго време се разделени поради пандемијата на коронавирусот, како и за туристичкиот сектор.

Патувањето од Австралија до Нов Зеланд од денеска е можно без карантин, по повеќе од една година забрана поради пандемијата на коронавирусот.

Укинувањето на ограничувањата е олеснување за семејствата кои веќе долго време се разделени поради пандемијата на коронавирусот, како и за туристичкиот сектор.

Илјадници патници за денеска резервираа летови меѓу Австралија и Нов Зеланд.

Двете земји успешно го запреа ширењето на вирусот.

Премиерката на Нов Зеланд Џacасинда Арден изјави дека здравствените власти веруваат дека ризикот од пренесување на вирусот од Австралија е мал и дека патувањето сега е безбедно.

Австралија претходно им дозволуваше на жителите на Нов Зеланд да дојдат во земјата без да останат во карантин, но Нов Зеланд имаше повнимателен пристап и бараше од австралиските патници да поминат две недели во карантин по пристигнувањето.

Евротип
Евротип
To Top