Новости

Свет

Погребот на кралицата Елизабета ќе биде најголемиот безбедносен предизвик досега, вели лондонската полиција

Полицијата ќе распореди досега најголем број полицајци на улиците на градот, изјави Стјуарт Канди, заменик-помошник началникот на лондонската полиција, нагласувајќи дека тоа ќе биде нивната најголема безбедносна операција за заштита на светските лидери и кралски членови во речиси 200-годишната историја на полицијата, со распоредени полицајци од речиси сите сили во земјата
Лондонската полиција соопшти дека државниот погреб на кралицата Елизабета Втора кој ќе се одржи в понедлник ќе биде најголемата безбедносна операција што некогаш ја презела.

Погребот на најдолговечниот британски монарх се очекува да привлече стотици илјади луѓе на лондонските улици, нешто слично како на другите важни настани во историјата на Британија, вклучувајќи го и крунисувањето на кралицата во 1953 година, погребот на поранешниот премиер Винстон Черчил во 1965 година и смртта на принцезата Дијана во 1997 година.

Полицијата ќе распореди досега најголем број полицајци на улиците на градот, изјави Стјуарт Канди, заменик-помошник началникот на лондонската полиција, нагласувајќи дека тоа ќе биде нивната најголема безбедносна операција за заштита на светските лидери и кралски членови во речиси 200-годишната историја на полицијата, со распоредени полицајци од речиси сите сили во земјата.

Канди рече дека масовната полициска операција ќе ги надмине другите големи полициски настани во Лондон, вклучително и Олимпијадата во 2012 година и прославите во јуни за платинестиот јубилеј на кралицата, кога таа ги прослави нејзините 70 години на британскиот трон.

„Нема апсолутно ништо што се споредува со нашата полициска операција оваа недела, а особено во понеделник за државниот погреб“,

изјави Канди за Ројтерс.
Државниот погреб на кралицата Елизабета Втора која што почина на 8 септември во нејзината 96 година од животот, ќе се одржи на 19 септември (понеделник) во Вестминстерската палата во Лондон.

На погребот ќе присуствуваат голем број светски лидери меѓу кои и американскиот претседател Џо Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон, а присутен ќе биде и македонскиот претседател Стево Пендаровски со сопругата Елизабета.

Евротип
SNBROKER
To Top