Новости

Свет

Погребот на принцот Филип на 17 април, ќе присуствува и принцот Хари

По смртта на принцот Филип, за кој многумина велат дека животот го живеел во сенка на кралицата Елизабета, Британците се собираат пред кралските резиденции за да им оддадат почит. Сите дневни весници имаат само една вест на насловната страница – заминувањето на сопругот на кралицата. Бакингамската палата објави дека погребот ќе биде на 17 април во замокот Виндзор, а ќе присуствува и принцот Хари, кој минатата година поднесе оставка како член на кралското семејство. Неговата сопруга Меган Маркл ќе остане во Америка поради бременост.

Почесен вод во чест на принцот Филип низ цела Велика Британија. Ѕвоното во Вестминстерската опатија заѕвони 99 пати.

Сите знамиња се половина копја. Луѓето оставаат цвеќиња пред Бакингемската палата и замокот Виндзор, иако од Британците беше побарано да не се собираат поради пандемијата.

Медиумите, папараците, па дури и еден хеликоптер го опколија домот на принцот Хари и Меган Маркл во Калифорнија откако се слушна за смртта на принцот Филип. Сите се прашуваат дали и тие ќе се појават на погребот по интервјуто за Опра Винфри, на кое кралското семејство негодуваше. Принцот Филип беше многу врзан за неговите внуци.

Принцот Хари ќе присуствува на погребот, но неговата сопруга Меган, војвотката од Сасекс, лекар ја советуваше да не патува во Велика Британија затоа што е бремена.

Тоа ќе биде прва средба на принцот Хари со остатокот од семејството. Погребот и церемонијата, во согласност со желбите на принцот Филип, ќе бидат мали и приватни. Тој нема да има државен погреб, а неговото тело нема да биде изложено.

GOLD
To Top