Новости

Свет

Поплави во Сиднеј, наредена евакуација на десетици илјади жители

Денеска беа издадени наредби за евакуација на десетици илјади жители на Сиднеј, откако обилните врнежи поплавија неколку населби во најголемиот град во Австралија, а метеоролозите предупредија на поинтензивни врнежи.

Областа со низок воздушен притисок над источниот брег на Австралија ќе донесе повеќе дождови во текот на денот, особено во државата Нов Јужен Велс, објави „Ројтерс“.

Околу 30.000 жители на Нов Јужен Велс мора да се евакуираат, а фрустрацијата достигна врв во некои населби во Сиднеј, откако поплавите по трет пат оваа година потопија домови, фарми и мостови, додава британската новинска агенција.

Евротип
SNBROKER
To Top